
Сок
Нутрино сокчињата се прават од природно и сочно овошје, по специјална технологија која дозволува да се зачува природниот сладок овошен вкус.
Не содржат дополнителни шеќери.Тие се 100% природни и се прават исклучиво од сочно овошје, со строго контролиран квалитет. На вашето дете му обезбедуваат природна сила и енергија.
Нашите сокчиња се пакуваат во Тетра Пак® пакување од кое сокот може едноставно да се претури во бебешко шишенце. Доколку вашето дете е веќе пораснато, може да го конзумира сокот едноставно со цевка директно од пакувањето, што на детето ќе му даде чувство на независност и ќе му помогне за правилен развој на моториката (држење на предмети).
Ова пакување е многу практично и да се понесе и го собира во торбата на секоја мајка, без страв дека ќе се истури или скрши. Освен тоа, во споредба со транспарентното пакување како што е ПЕТ пластиката, картонското Тетра Пак® пакување овозможува подобра заштита од светлина, која инаку би ги уништила витамините и другите хранливи материи во производот.