
Кашички
Нутрино пире – Може да биде од овошје, зеленчук или месо, а секоја состојка е посебно одбрана со строга контрола за исправност и квалитет.
Кашичките во теглички се пакуваат со термореактивна фолија која го штити производот од светлина, прашина и отворање.
За секое Нутрино пире е извршено внимателно мерење на количината на хранливи состојки, земајќи ги предвид нутритивните потребни во секоја фаза од развојот на детето.
Преработката на тегличките се врши при висока температура која за време на процесот на стерилизација ги убива сите потенцијални микроорганизми, додека во самата тегличка се прави вакуум кој оневозможува развој на микроорганизми. Овие процеси овозможуваат подолг рок на траење.
Асортиманот на Нутрино пире е широк и може да ги задоволи потребите за внос на разновидни здрави состојки во исхраната на вашето дете.