За нас

Зад брендот Нутрино стои Baby Food Factory (БФФ – Фабрика за детска храна), нова фабрика со најмодерни постројки, чија загриженост за правилна и здрава исхрана на детето претставува една од најважните задачи. Производите Нутрино ги исполнуваат најсовремените светски стандарди, а сировините кои ги користиме се со врвен квалитет и од сертифицирани добавувачи.

Нутрино е тука за да и помогне на секоја мајка во нејзината најдрага улога и најважна задача на светот, бидејќи со Нутрино уживаат сите деца, а секоја мајка препознава сигурeн сојузник кој го нуди најдоброто за нејзиното дете.

Квалитет, сигурност, професионализам, емпатија и иновација се вредностите кои секојдневно ја водат нашата работа.

Нутрино постојано работи на иновации за да понуди производи за вашето бебе со највисок квалитет во смисла на органолептички и сензорни карактеристики, физичко-хемиски вредности, високи микробиолошки критериуми, отсуство на загадувачи и пестициди или која било друга врста на супстанци кои можат да го загрозат здравјето на бебето.

Сите состојки кои се користат во производство на Нутрино ги исполнуваат строгите стандарди на квалитет во смисла на органолептички и сензорни карактеристики, физичко-хемиски вредности, високи микробиолошки критериуми, отсуство на загадувачи и пестициди или која било друга врста на супстанци кои можат да го загрозат здравјето на бебето.

Не постои поголема одговорност од работа на постојано подобрување на квалитетот и тоа од состојките на нашите производи до финалниот производ.

Мисијата на Нутрино е да обезбеди здрав и природен избор на детска храна за мајките кои сакаат да обезбедат правилен и хармоничен развој на детето.

Визијата на Нутрино е да стане синоним за здрава и квалитетна храна за најмладите и прв избор на секоја мајка.

Затоа, драги мајки, дозволете ни нам да ви покажеме зошто ние сме здравиот избор за правилен развој на вашето дете...
бидејќи вашето дете го заслужува најдоброто!

Дознајте повеќе за Нутрино производите тука