План за исхрана

4+ месеци

Ова пакување е многу практично и да се понесе и го собира во торбата на секоја мајка, без страв дека ќе се истури или скрши. Освен тоа, во споредба со транспарентното пакување како што е ПЕТ пластиката, картонското Тетра Пак® пакување овозможува подобра заштита од светлина, која инаку би ги уништила витамините и другите хранливи материи во производот.

Кога бебето е подготвено за воведување цврста храна тогаш е и во состојба самостојно да ја држи главата потполно стабилно, нема повеќе рефлекс за повраќање на храната, почнува да покажува интерес за тоа што го јаде, дури и се навалува напред или посегнува за храната во чинијата. Ќе забележите и дека млекото не заситува доволно. Ако бебето и понатаму плаче по доењето, тоа исто така може да биде знак. Со самото тоа ќе бара поголема количина млеко или фрекфенција на оброци. Ноќното будење може исто така да биде знак дека бебето не е сосем заситено по последниот оброк пред спиење. Доколку овие знаци се појават пред навршување на 4-иот месец, тогаш е премногу рано за воведување цврста храна. Запомнете дека ниту едно бебе не е исто и дека секое напредува со индивидуално темпо, затоа не се грижете доколку не ги покажува овие знаци или доколку се уште не е подготвено за цврста храна. За сите дополнителни прашања најдобро е да се обратите на лекар.

Овошно пире сочно јаболко

100% природно

100% овошје

Без додаден шеќер

Практично за носење

6+ месеци

Вашето бебе станало вистински мал истражувач со желба да го открие светот околу себе. Само може да седи, џвака, самостојно го држи шишенцето и има се поголем интерес за храната. Во овој период бебето е спремно за цврста храна, воведување нови намирници и вкусови и проширување на менито за јадење.

Оброци

Во овој период е важно и воспоставувањето на правилни оброци и добри навики, за бебето да јаде на здрав начин. Речиси сите бебиња бараат храна во некој момент. Тие знаат да го разликуваат тоа што го сакаат и што не го сакаат, некоја храна ја прифаќаат подобро или пак некои одбиваат и јадат помалку.

Имајте трпение. Доколку на бебето не му се допаѓа одредена храна, понудете му уште еднаш мала количина од таа храна во некој друг оброк. Понекогаш е потребно да се проба и до 15 пати за бебето да ја прифати новата храна. Доколку вашето бебе не сака да јаде храна, немојте да го терате, но немојте ни да му нудите алтернативна храна во тој момент, за да не го научите дека секогаш постои „подобра“ опција.

Важни хранливи материи кои треба да се внесуваат во овој период се протеини, железо, витамини и влакна. Месото е добар извор на некои од тие хранливи материи и важен дел од исхраната околу 6-тиот месец. За полесно голтање, месото секогаш треба да се дава заедно со овошје. Откако бебето ќе наполни шест месеци, можете да му понудите и комбинирани житарки – кои содржат пченица, овес, ориз со додаток од овошје.

Каша од житарки

+13 витамини

Железо, цинк, јод

Со инулин

100% вкусно

Богата со влакна

Дава чувство на ситост

8+ месеци

Кога доенчето ќе наполни осум месеци, во неговата исхрана почнува да доминира цврста храна наместо доењето или адаптираната млечна формула. Тоа е време кога од гмечена храна полека се преминува на редовна фамилијарна исхрана.

Овој премин е многу важен бидејќи врз основа на него ќе знаете дали кај вашето бебе се развил апетит за цврста храна. За емоционалниот, нутритивниот и физичкиот развој на новороденчето му е потребна храна богата со хранливи состојки. Постои уште една цела низа храна која вашето бебе не ја пробало и алергиски реакции се и понатаму можни. Сега веќе, веројатно сте ја зголемиле количината на цврста храна што ја внесува бебето, бидејќи колку е бебето постаро, толку е понавикнато на цврста храна. На возраст од осум месеци доенчето почнува да сфаќа дека може да користи палец и показалец за да зема храна. Тоа сака само да се храни. Тоа е идеално време да му понудите храна од раката и да го вклучите во процесот на исхрана.

Овошно пире – јаболко, праска, јагода и малина

100% природно

100% овошје

Без додаден шеќер

Практично за носење

Двојно задоволство: овошјето е природно и сочно, а житарките даваат чувство на ситост

12+ месеци

Со воведување на се поголем број намирници за време на дохраната, на една година детето ќе постигне значајна толеранција на храната и не постои толку забрани како во претходниот период. Сепак е важно да се воспостави правилен однос на детето према храната, а за да се постигне тоа треба да се придржувате до некои правила за распределба на оброците и на однесувањето за време на јадењето. Еве неколку правила:

Времето на јадење мора да се почитува. Избегнувајте на секој начин на детето да му нудите храна непосредно пред или после главниот оброк бидејќи така ризикувате детето да има послаб апетит за време на главниот оброк и да изеде малку, или,пак да прегладне и да изеде премногу.

Ручекот или вечерата детето треба да ги јаде седејќи на стол (или во својот стол за хранење ( хранилка) додека е се уште мало), а гледање телевизија и игра за време на јадење треба да се дозволува само во некои посебни прилики.

Треба да го охрабрите и поттикнете детето да проба јадење и кое не му се допаѓа, сервирајќи го така што ќе изгледа примамливо или, пак, припремете го јадењето на некој нов начин (пире, шницли, со сос итн).

Овошно пире микс – јаболко и банана со кекс

100% природно

Овошна ужина

Многу овошје многу корист

Практично за носење