ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ

1.  Вовед      1.1     Со цел да се заштитат Вашите лични податоци, Фабриката за детска храна д.о.о. Добановци, ул. Маршал Тито број 206, матичен број 21212270 (понатака во текстот: „Фабрика“), во својство на оператор, со оваа Политика за приватност Ве известува за начинот на обработување на Вашите податоци кои на Фабриката и стануваат достапни со Вашето користење на веб-страницата www.babyfoodfactory.com и www.nutrinobebe.com.

1.2          Фабриката се грижи за Вашата приватност и сите Ваши лични податоци ги обработува законски, чесно и транспарентно, во целосна согласнот со Законот за заштита на лични податоци („Закон“).

1.3         Во понатамошниот текст за Политика на приватност, детално Ве информираме кои лични информации ги собираме и на кој начин ги обработуваме.

2.        Технички податоци 

2.1        Пристап до веб-страницата на Фабриката е овозможен без регистрација.

2.2         При секој пристап на страницата се собираат податоците за единствената IP адреса, која е анонимизирана. IP адресата се користи за евидентирање сесии, овозможување безбедност на интернет страницата, како и за процесирање на потенцијални злоупотреби на пристапот.

2.3          Исто така, при секоја посета на интернет страницата од страна на одговорните за хостинг услугите и интернет услугите, се бележат мета податоците како што се: следење и утврдување на изворот и дестинации на комуникација; почеток, траење и крај на комуникацијата; статусот на пренос; количината на пренесени податоци; идентификација на терминалната опрема на корисникот; локација на мобилната терминална опрема на корисникот; тип, јазик и верзија на софтверот на прелистувачот и оперативниот систем.

2.4         Идентификација на лица врз основа на IP адресата користена во одредено време може да изврши операторот кој на тоа лице му дава интернет услуга, врз основа на желба на државниот надлежен орган, во согласност со важечките прописи.

2.5          Во опишаните случаи, правниот основ за обработка на Вашите лични податоци е легитимниот интерес на операторот, а имајќи предвид дека овие податоци се потребни за непречено техничко функционирање на страницата и идентификување на сесиите.

3.      Колачиња  

3.1          На Интернет страниците на Фабриката се користат колачиња (cookies). Колачињата се датотеки во Вашиот прелистувач, кои се складираат на Вашиот уред, а во кои се содржат одредени подесувања и податоци за размена со нашиот систем. Колачињата може да бидат привремени, ако се складираат за времетраењето на сесијата, или трајни, доколку се складираат и по сесијата.

3.2        Постојат различни видови на колачиња, во зависност од нивната намена:

             Функционални колачиња – овозможуваат непречена работа на страниците, односно на нивните основни функции;

             Колачиња за перформанси – ги собираат информациите за тоа како се употребуваат веб-страниците за да се подобри нивната атрактивност, содржина и функционалност, на пример, статистики за посета на страниците, времето поминато на страниците, редоследот на посетените страници и слично;

             Колачиња за подесување содржина – овозможуваат персонализирани функции, односно, запомнување на Вашите подесувања на страницата, на пр. избран јазик.

          Маркетиншки колачиња – ги следат однесувањата на посетителите поради таргетиран маркетинг, односно објавување на релевантни промотивни содржини. Маркетинг колачињата може да доаѓаат и од надворешни компании за огласување (колачиња од трета страна) и се користат за собирање информации за Интернет страниците кои корисникот ги посетил поради таргетирано огласување за корисникот. 

3.3         Фабриката е овластена да ги користи функционалните колачиња без Ваша согласност, а за колачињата кои ги користиме ќе бидете известени преку „cookie-baner“ при Вашиот прв пристап на Интернет страницата, поради давање согласност за нивно користење.

3.4         Колачињата во вашиот компјутер можете да ги избришете во секој момент или да ги промените подесувањата на Вашиот прелистувач кои се однесуваат на колачињата. Сепак, имајте предвид дека во случај на промена на подесувањата на колачињата може нема да ви бидат достапни сите функционалности на Интернет страниците.

3.5          Во овој случај, правниот основ за обработка на колачињата е Вашата согласност, како и легитимниот интерес на Фабриката.

4. Google Analytics

4.1 Нашите веб-страници користат Google Analytics, аналитички сервис на компанијата Google Inc. 1600 Amphitheater Parkway, Mountainview, CA 94043, USA (“Google”). Google Analytics користи колачиња кои помагаат во анализата на користењето на страницата од страна на корисниците, како што се страниците кои ги посетувате во рамките на веб-страницата на Фабриката и времето кое го поминувате на нив, мерење на бројот на активни посетители, анализа на кликови, интереси и демографски показатели на посетителите, пребарувачите од кои ја посетувате веб-страницата на Фабриката и слично. Google ги користи овие информации за изработка на извештаи за активностите на веб-страниците, што нам ни овозможува да ја анализираме нивната содржина, да ги осмислиме и имплементираме нивните технички и содржински подобрувања.

4.2 Вашата IP адреса која вашиот прелистувач ја проследил до Google Analytics не се поврзува со другите податоци на Google. Исто така, податоците за Вашата IP адреса стануваат анонимни пред правење на анализата. За потребите на користење на услугите на Google Analytics не ги обработуваме и не ги проследуваме вашите податоци до Google врз основа на која би можеле да бидете идентификувани.

4.3 Информациите кои ги собира Google ги испраќа до своите сервери во САД, каде што се чуваат. Фабриката има активирано IP анонимизација на својата веб-страница. Тоа значи дека пред испраќање на податоците Google ја скратува Вашата IP адреса доколку се наоѓа во некоја од земјите членки на Европската Унија или во други земји кои се дел од Европскиот Економски Простор.

4.4 Дополнителни информации за условите на користење и политиката за приватност на податоците можете да најдете на: http://www.google.com/analytics/terms/gb.html

4.5 Чувањето колачиња можете да го спречите преку алатките за подесување на Вашиот прелистувач. Покрај тоа, можете да спречите и евидентирање на податоците генерирани со помош на колачињата (вклучувајќи ја и Вашата IP адреса), како и обработката на овие податоци од страна на Google, така што ќе преземете и инсталирате дополнителна компонента на пребарувачот која можете да ја најдете на: https://tools.google.com/dlpage/gaoptout?hl=en

5.  Facebook Pixel

5.1 Веб-страницата www.babyfoodfactory.com ја користи алатката Facebook Pixel на компанијата Facebook, Inc. 1601 South California Avenue, Palo Alto, CA 94304, USA (“Facebook”). Facebook Pixel овозможува следење на однесувањето на корисниците логирани на својот Facebook профил и нивната интеракција со Facebook огласите и веб-страниците на Фабриката, односно пренасочување кон веб-страницата на Фабриката со кликнување на Facebook оглас. Овој процес е дизајниран да ја процени ефективноста на Facebook огласите за статистички и истражувачки цели на пазарот и може да помогне при оптимизација на идни маркетинг активности. Собраните податоци се анонимни, така што не можеме да Ве идентификуваме, ниту пак да ги споделуваме Вашите лични податоци со Facebook.

5.2 Вашиот прелистувач автоматски поставува директна врска со серверот на Facebook. Ние немаме влијание врз обемот и понатамошната употреба на податоците собрани со помош на оваа алатка и затоа Ве известуваме дека, согласно нашите сознанија, Facebook прима информација дека сте пристапиле на нашата страница или сте кликнале на наш оглас. Ако сте регистриран корисник на Facebook услугите, Facebook може да ја поврзе Вашата посета со Вашиот профил. Дури и ако не сте регистрирани или логирани на Facebook, можно е давателот на услугата да ја види и зачува Вашата IP адреса и останатите податоци за идентификација. Facebook и понатаму ги користи Вашите податоци согласно нивната Политика за приватност: https://www.facebook.com/about/privacy/

5.3 Опишаната функција може да се деактивира на https://www.facebook.com/settings/?tab=ads#

6. Google Tag Manager

6.1 Веб-страницата на Фабриката  www.babyfoodfactory.com ја користи алатката Google Tag Manager (GTM). Оваа услуга овозможува управување со ознаките на веб-страниците со помош на интерфејс. GTM имплементира само ознаки. Тоа значи дека не користи колачиња и не собира лични податоци. GTM покренува други ознаки кои собираат податоци по потреба. Ако е извршена деактивација на ниво на доменот или колачињата, таа останува валидна за сите ознаки за следење доколку е имплементирана со GTM. 

7. Пренасочување кон други страници Veze ka drugim stranicama

7.1 На веб-страниците на Фабриката можете да најдете копче кое ќе ве одведе кон нашата LinkedIn страница. Доколку кликнете на ова копче, ќе бидете пренасочени кон страница која ја управува трето лице, кое има право да ги користи Вашите лични податоци и истите да ги обработува согласно Условите за користење и Политиката на приватност објавени на оваа страница. Серверите на LinkedIn може да бидат надвор од Република Србија. 

8. Закажување посета на Фабриката 

8.1 Фабриката им овозможува на сите заинтересирани лица да закажат посета преку контакт формата на веб-страницата. При поднесување на барањето за посета од Вас ќе биде побарано име и презиме и телефон за контакт, за понатамошна комуникација со цел закажување и реализација на посетата.

8.2 Во овој случај, споделувањето на Вашите податоци е доброволно, а правната основа за нивна обработка е Вашата согласност. Доколку не се согласите на обработка на податоците, нема да бидеме во можност да закажеме посета. 

9. Контакт 

9.1 Фабриката им овозможува на сите заинтересирани лица да пратат порака преку контакт формата на веб-страницата. Пред испраќање на пораката од Вас ќе биде побарано име и презиме, телефон за контакт и е-пошта за понатамошна комуникација во врска со предметот на Вашето обраќање кон Фабриката. 

9.2 Во овој случај, споделувањето на Вашите податоци е доброволно, а правната основа за нивна обработка е Вашата согласнот. Доколку не се согласите на обработка на податоците, нема да одговориме на Вашиот предмет. 

9.3 Сепак, во зависност од содржината на пораката, Фабриката може да ги обработува вашите лични податоци и по друга правна основа. На пример, доколку поднесете приговор за квалитетот на нашите производи, понатамошната обработка на Вашите податоци е неопходна со цел почитување на правните должности на контролорот. 

10. Вработување и селекција на кандидати 

10.1 Сите заинтересирани лица имаат можност да се пријават на актуелни конкурси за вработување во Фабриката по пат на е-пошта, која е објавена на веб-страницата www.babyfoodfactory.com. Со кликнување на објавената е-пошта ја започнувате Вашата апликација за работа. 

10.2 Доколку ни испратите апликација за работа на овој начин, ќе ги обработиме Вашите лични податоци врзани за Вашата апликација и работна биографија како име и презиме, датум на раѓање, број на мобилен телефон, е-пошта, адреса на живеење, степен на образование, работно искуство, податоци за поседување возачка дозвола и категорија, сертификати за положени стручни испити кои се релеватни за работното место, препораки. Доколку бидете повикани на интервју, ќе бидете навремено информирани за обработката на податоци и понатамошните чекори во процесот на вработување.

10.3 Обработувањето на Вашите податоци се врши со цел да воспоставиме понатамошна комуникација со Вас, да ја обработиме Вашата пријава, да ја спроведеме постапката на селекција, да ги процениме Вашите компетентности и да се осигураме дека ги исполнувате условите за вработување. 

10.4 Во овој случај, споделувањето на Вашите податоци е доброволно, а правната основа за нивна обработка е член 12, став 1, точка 2, од Законот за заштита на личните податоци – обработката е неопходна за преземање одредени акции на барање на лицето на кое се однесуваат податоците, пред склучување на договорот.

11. Обработувачи и приматели на податоците Obrađivači i primaoci podataka

11.1 Податоците кои ги обработуваме врз основа на Вашето користење на веб-страницата на Фабриката се обработуваат од страна на следните категории на лица ангажирани од операторот:

• Органи на управата на Фабриката;

• Лица на чиј сервер е хостингот на веб-страницата;

• Лица ангажирани за одржување на веб-страниците;

• Лица ангажирани за пружање други услуги на Фабриката поврзани со Интернет,   огласување или аналитика, управување со веб-сервери и слично;

• Правни и екстерни консултанти на Фабриката.

11.2 Во случај на аквизиција, промена на статус, постапка на ликвидација, стечај, реорганизација или спроведување други трансакции кои можат да предизвикаат промена на сопственичката структура или во управувањето со Фабриката, податоците можат да бидат пренесени на лицата кои учествуваат во таква трансакција.

11.3 Фабриката склучува договор со сите лица кои вршат обработка на податоци со кои се уредуваат предметот и времетраењето на обработката, природата и целта на обработката, видот на лични податоци и лицата чии податоци се обработуваат како и правата и должностите на операторот. Со договорот се гарантира примена на соодветни технички, организациони и кадровски мерки, на начин на кој се обезбедува обработката да се врши согласно одредбите од постоечките прописи и да се обезбеди заштита на правата на лицата чии податоци се обработуваат.

12. Вашите податоци можеме да ги проследиме до надлежните државни органи и носители на јавни овластувања на нивно барање, а согласно постоечките прописи.

12.1 Операторот ги обработува Вашите податоци во Република Србија и во времето на создавање на оваа Политика на приватност нема намера да ги пренесе во друга држава или меѓународна организација. 

13. Мерки за заштита на личните податоци Mere zaštite ličnih podataka

13.1 Личните податоци ги обработуваме со примена на соодветни правни, технички, кадровски и организациони мерки со цел заштита на личните податоци, вклучувајќи и заштита од неовластени или незаконски обработки, како и од случајно губење, уништување или оштетување, согласно законските одредби. Пристап до податоците имаат ограничен (минимално потребен) круг на лица на кои им се доверени работите поврзани со обработката на податоци, а обработката се ограничува само на неопходни активности за остварување на целта на обработката. Податоците се чуваат во форма која овозможува идентификација на лицето само во рокот кој е неопходен за остарување на целта на обработката.  

14. Правата на лицата чии податоци се обработуваат 

14.1 Согласно Законот, Ве информираме за правата кои ги имате во врска со обработка на вашите лични податоци:

• Право на укинување на согласноста за обработка на податоците во кое било време, при што укинувањето не влијае врз согласноста за обработка на податоците што настанала пред укинувањето;

• Право на пристап кон Вашите податоци и информации за нивната обработка, вклучувајќи и доставување на копија од податоците со што се согласувате да го покриете надоместокот за изработка на истата;

• Право на исправка, дополнување или бришење на Вашите лични податоци, без непотребно одложување;

• Право на ограничување на обработката;

• Право на приговор на обработката на Вашите лични податоци, вклучувајќи и приговор за обработката на податоци за потребите на директно огласување, кое вклучува и профилирање;

• Право на преносливост на податоците во случај на автоматизирана обработка заснована на согласност или договор. 

14.2 Наведените права можете да ги остварите доколку се исполнети условите пропишани со Законот, преку поднесување на барање до операторот на fdh@bff.rs или преку барање упатено на адресата на операторот. Барањето мора да содржи информации за тоа на кои податоци се однесува, какво право се бара да се оствари, датум и своерачен потпис на подносителот на барањето. Операторот ќе ја процени основата на Вашето барање согласно Законот и ќе Ви одговори во пропишаниот рок.

14.3 Доколку сметате дека обработката на Вашите лични податоци е извршена спротивно на одредбите од Законот, имате право да поднесете тужба до Комесарот за информации од јавно значење и заштита на личните податоци, Булевар Крал Александар 15, 11000 Белград.

15. Согласност за обработка на лични податоци 

15.1 Со пристап до веб-страниците на Фабриката по електронски пат, потврдувате дека сте запознаени со обработката на податоци и ги прифаќате одредбите од оваа Политика за приватност.

15.2 Политиката за приватност е подложна на измени и дополнувања. За сите измени и дополнувања корисниците на веб-страниците ќе бидат известени при првото наредно пристапување на страницата, преку електронска потврда дека се запознаени и се согласуваат со новата политика.

15.3 Политиката на приватност стапува на сила на 21. април, 2020 година.