Принцип на здрава исхрана

Ви ги претставуваме основните принципи на здрава исхрана со кои вашето бебе ќе расте правилно. Исто така, овде може да прочитате препораки како што се хранење на бебето со безмлечни производи, како и воведување и комбинирање на нови продукти.

ОСНОВНИ ПРИНЦИП НА ЗДРАВА ИСХРАНА

Правилната и разновидна исхрана на детето од раѓање има непроценливо значење за правилен раст и развој на детето и заштита на здравјето. Со адекватна храна прилагодена на возраста, детето расте и напредува правилно. Најдобра храна од раѓање е мајчиното млеко кое е во потполност прилагодено за потребите на бебето.

Кога да се започне со немлечна исхрана?

Со немлечна исхрана треба да се започне во периодот меѓу 4 и 6 месец (од 17 до 26 недела) согласно препораките од педијатарот кој го прегледува детето во советувалиште. Немлечната исхрана ги опфаќа сите групи намирници освен мајчиното млеко и млечната формула и таа постепено се воведува во исхраната на доенчето. До крајот на првата година бебето треба и може да ги проба сите вкусови, а што повеќе храна ќе се внесе во првата година, подобро и поразновидно ќе јаде и подоцна во детството.

Како да воведете нови намирници?

Нови намирници се воведуваат една по една и во мали количини, неколку лажички во првиот ден, а количината постепено се зголемува. Прво се почнува со дозволените житарки за возраста во претпладневните часови. Оризот и пченката се препорачуваат први во исхраната на доенчето поради минималниот алергиски потенцијал. Овошјето и зеленчукот се воведуваат свежи или сварени, во облик на компот, а може да се даде и во форма на пире или веќе припремена кашичка. Навикнувањето на одредена врста храна треба да трае од 3-4 дена. Доколку детето одбива храна треба да се проба со истата храна и во наредните денови. По хранењето на детето треба да му се понуди доење и да му се дозволи да пие млеко колку што ќе сака.

Како да ги комбинирате новите намирници?

Од свежите намирници се воведува сезонско овошје и зеленчук од она што е дозволено, а како веќе подготвена бебешка храна во теглички се воведуваат кашички кои содржат само една намирница во почетокот (на пр. Јаболко, праска или морков).

Храната која е веќе воведена и на која детето не појавило никаква реакција може да се комбинира. Потоа се даваат кашички ко во себе содржат повеќе видови на овошје или зеленчук или се во комбинација со месо житарки или млечни производи. Готовата храна која се користи во исхраната на бебето треба да биде со строго контолиран квалитет, органска, без додадени шеќери и соли и да се подготвува во стерилна средина.

Храната треба да биде разновидна, прилагодена за возраста и да ги вклучува дозволените намирници за одредената возраст. Во храната не треба да се додаваат соли, масло или шеќери. Во почетокот се воведува еден немлечен оброк, по некое време бебето треба да има два немлечни оброка, а до крајот на првата година детето треба да има три главни оброци и две ужинки. Со здрава исхрана треба да се продолжи низ целото детство и треба секогаш да се трудите храната да биде разновидна со внимателно одбрани состојки.

Што е важно при купување на храна за бебето?

Кашичките и пирето кои се купуваат се идеална храна за деца поради строго контролираниот квалитет и можноста да се користат и надвор од дома. Тие се одлично решение и кога сезонското овошје или зеленчук не се достапни или кога мама не може да постигне да подготви оброк. Тие ги содржат потребните витамини и минерали, железо, магнезиум, калциум и селен во вредности прилагодени за потребите на децата. Важно е храната да не содржи адитиви, конзерванси и ГМО и производството да се одвива во контролирана чиста средина. Важно е дека во кашичките што се купуваат не се додаваат шеќери, туку со самата технологија на производство се зачувува слаткоста на производот.

Од неодамна на нашиот пазар е присутна потполно нова детска храна НУТРИНО која се произведува во Србија и целосно одговара на потребите на бебињата во одредена возраст и која претставува храна подготвена по највисоките Европски стандарди. Научете го детето да јаде здрави и квалитетни оброци, богати со витамини и минерали, а вкусовите кои ќе ги засака ќе му помогнат на детето и подоцна да сака и да јаде здрава храна.