Nutrino menu

Овде ќе го најдете едно Нутрино мени кое содржи број, количина и вид на оброк според возраста на вашето бебе. Исто така, за вас подготвивме и дополнителни препораки за исхрана на детето во првата и втората година во животот, кои меѓу другото ги содржат и препораките од Светската здравствена организација.

Возраст

Број на оброци

Количина на оброк во гр

Вид на млеко

Број на оброци

Количина на оброци

Вид на храна

I месец

8

60-100

Доење, млечна формула 1

   

Од 8 дена Витамин D3+K1 до крајот на 2-от месец

II месец

7-8

100-120

Доење, млечна формула 1

     

III месец

6-7

120-130

Доење, млечна формула 1

   

Витамин D3 до крајот на 1-вата година и во зимските месеци до 3 години 

IV месец

6

130-150

Доење, млечна формула 1

     

V месец

6

150-160

Доење, млечна формула 1

1

 

Ориз и пченка (лажица до две преку ден, и навечер пред спиење според упатството) по житариците доење

VI месец

5

180-200

Доење, млечна формула 2

2

80-100

Варен морков, компир, тиквица,брокула, блитва, пашканат, целер, јаболко, банана, праска, кајсија, круша, слива, тиква, диња, лубеница во облика на компот, пире или кашичка (секогаш ситно изблендирано). Три дена иста намирница. Веќе воведените намирници може да се комбинираат. По оброкот следува доење и вода колку што сака. Во почетокот еден оброк, а потоа два

VII месец

4

200-220

Доење, млечна формула 2

2

120-130

Се што е воведено + спанаќ, карфиол, супа од месо и сварено месо (пилешко, мисиркино, телешко, говедско) 3 – 4 пати дневно. По воведување на месото, се воведува жолчка. Првите два дена 1/8 жолча, потоа два дена 1/4, два дена 1/2, еден ден цела жолчка. По воведување на жолчката и месото се даваат наизменично секој втор ден 3 – 4 x неделно

VIII месец

3

200-230

Доење, млечна формула 2

3

130-180

Се што е воведено + грашок, кељ. Се воведува доручек – младо сирење, кајмак, кисело млеко, полномасен јогурт

IX месец

3

220-230

Доење, млечна формула 2

3

180-200

Се што е воведено + гриз, бисквити, пчеично брашно, сите врсти на житарки

X месец

3

230

Доење, млечна формула 2

3

200-220

Се што е воведено + риба

XI и XII месец

2-3

250

Доење, млечна формула 2

4-5

250Everything introduced + beans, lentils, green beans. Various meals

Се што е воведено + грав, леќа, боранија. Разновидни оброци. 

Дополнителни препораки за исхрана на детето во првата година од животот

СЗО препорачува ексклузивно доење до 6 месеци. Од 6 месеци до 12 месеци доење со воведување на немлечна исхрана (во периодот од 17 – 26 недела).

Во 1-вата година НЕ се препорачува кравјо млеко, туку млечни формули прилагодени за возраста. И во 2-рата година се дава предност на млечните формули за оваа возраст.

Нова намирница треба да се воведува постепено 3-4 дена. Не треба да се воведуваат две нови врсти на храна одеднаш, еднаш воведена намирница може да се комбинира.

Оброкот се дава во течен-кашест оброк, а на крајот на првата година исецкан и изгмечен.

На крајот на 1-вата година, детето треба да има три главни оброци и две ужинки по кои може да има подој.

Немлечната храна се дава со лажичка.

НЕ ја досолувајте храната – зеленчукот содржи доволно соли, и нема потреба од нивно додавање во храната на здраво дете.

Растително масло како додаток во зеленчукот („многу малкумаслиново масло за вкус по 7-миот месец).

Додавање шеќер во храната и пијалоците не е дозволено бидејќи предизвикува развој на кариес, гојазност и дијабетис.

Во 1-вата година на детето НЕ ТРЕБА да му се дава (поради можност од појава на алергиски реакции): јагоди, малини, капини, киви, мед, свеж домат, ореви, бадеми, лешници, кикирики (важи и за Смоки), чоколади и чоколадни кремови, белка од јајце, школки, конзервирана риба, друга храна со конзерванси (виршли, салами…), квасец, зачини. Треба да внимавате при давање (најдобро не пред полни 9 месеци): портокал, лимон, грејпфрут, мандарина.

Телесната тежина кај здраво дете во 1-вата година расте многу брзо: во 1-виот месец новороденчето добива на тежина 750-1000 грама, во вториот месец околу 850 грама, во третиот околу 700 грама, во четвртиот околу 600 грама. Во петиот месец од животот тежината на раѓање се дуплира, а на крајот на првата година се зголемува за три пати. Доколку детето не добива на тежина во 2 и 3 недела, потребно е да се јавите на педијатар кој треба да ја најде причината за ненапредување на детето. Храната се воведува по совет на педијатарот и индивидуално се препорачува прилагодена исхрана за секое бебе.

ИСХРАНА НА ДЕТЕТО ВО ВТОРАТА ГОДИНА ОД ЖИВОТОТ


Со доење може да се продолжи и после првата година, но во овој период тоа не претставува главна храна за детето. Подоите се на барање, после оброкот, вообичаено 2 до 3 пати дневно. Количината на овошје, зеленчук и останатата храна која детето ја конзумира зависи од апетитот, дневните активности и потребата на детето и истата не треба да се ограничува. Детето јаде рамноправно со останатите членови на семејството (семејството се прилагодува на бебешките вкусови и јаде помалку зачинета храна). Не треба да се пијат течности за време на оброкот. По оброкот, детето може да пие вода, чај или овошен сок без шеќер колку сака. Млеко и млечни производи се ограничени до пола литро дневно. Внес на колачи, чоколади и бисквити да се избегнува во потполност се додека можете.